Ќе се модернизира паркот позади „Капитол“ во Аеродром

Проектот вклучува поставување на нова хидроизолација, поплочување со гранитни плочи, нова урбана опрема, клупи, корпи, зеленило и ново осветлување. Вкупната вредност на реконструкцијата е 45 милиони денари.

Денеска започнаа градежните активности за санација и модернизација на јавната површина позади ТЦ „Капитол”. Овој простор од 4.500 м², кој досега не бил обновуван, ќе се реконструира благодарение на проектот за кој Општина Аеродром доби средства од државниот буџет преку првиот јавен повик за финансиска поддршка на инфраструктурни општински проекти.

Проектот вклучува поставување на нова хидроизолација, поплочување со гранитни плочи, нова урбана опрема, клупи, корпи, зеленило и ново осветлување. Вкупната вредност на реконструкцијата е 45 милиони денари.

– Овој проект е доказ дека Владата предводена од премиерот Мицкоски е партнер на локалните самоуправи. Така почнавме и така продолжуваме, сѐ со цел да го подобриме квалитетот на животот на сите граѓани на Република Македонија – изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински.

В.д. градоначалникот, Дејан Митески информираше дека Општина Аеродром добила 3,4 милиони евра за осум проекти од првиот повик и најави подготовка за вториот повик, кој ќе донесе дополнителни можности за трансформација на општината.

– Летово очекуваме Аеродром да доживее голема трансформација -додаде в.д. градоначалникот.

Премиерот Мицкоски истакна дека реконструкцијата на овој простор ќе го направи Аеродром уште поубав и пофункционален за граѓаните и ги повика општините да ги подготват своите апликации за вториот јавен повик, кој ќе биде распишан претстојнава недела со олеснителни услови во споредба со првиот повик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот