Фото: Слободен печат

Ќе има ли разрешувања на директори? Ќе станат ли реалност катните гаражи и над 1.000 вработувања во здравството? Арбен Таравари утре во „Слободен печат“

Ќе бидат ли разрешени директорите на Детска клиника и болницата во Козле? Ќе има ли нови вработувања во здравството? Ќе добие ли Клинички центар нови катни гаражи? Кој е коментарот околу Законот за употреба на јазиците? Утрово во емисијата „Слободен печат“ разговараме со министерот за здравство Арбен Таравари. Го прашавме и како се гледа себе си како политичар, лекар или министер за здравство и што да очекуваат пациентите следната година.

Колку се одеше во театар во годината во изминување? Која е најгледаната претстава во 2024 година во МНТ? Што е она што ја одбележа оваа година, а ни доаѓа од сцената на МНТ, дознаваме од Никола Кимовски в.д. директор на МНТ.

Колкав буџет им е потребен на граѓаните на Македонија за да се облечат по свој вкус? Дали младите преферираат да носат нова и брендирана облека или пак се чувствуваат добро и во облеката од втора рака? „Слободен печат“ ги анкетираше граѓаните и праша колку чини нивниот аутфит.
Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот