Фото: Маја Бакраческа / Гугл мапс

Ќе има и македонска паралелка за гинеколошко-акушерски сестри во средното медицинско училиште

Министерството за образование и наука во вторник ќе направи измена на конкурсот за гинеколошко-акушерска сестри во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, што претходно предвидуваше за следната учебна година да има само паралелка на албански јазик, но не и на македонски јазик.

„Конкурсот за упис во средно образование во учебната 2023-2024 година е исто така заеднички дефиниран, но сепак, постои време и простор за измени. Во таа насока, иницијативата на СУГС Д-р Панче Караѓозов“ е веќе разгледана и информираме дека ќе биде прифатена, односно ќе се отвори и паралелка на македонски наставен јазик за профилот гинеколошко акушерска сестра, соопштија од МОН за Телевизија Сител.

Оваа одлука доаѓа откако во јавноста имаше многу бурни реакции.

Професорката Весна Јаневска од Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ за „Слободен печат“ вели дека во средното медицинско училиште секогаш има интерес да се запишат учениците во повеќе смерови особено зашто струката гинеколошко-акушерска сестра е атрактивна и со неа може да се вработат и во странство а не само во Македонија. Меѓутоа, додава доктор Јаневска, годинава е направена лоша проценка од страна на училиштето и на таков начин им е ускратено правото на учениците да учат на смерот што го сакаат на македонски јазик.

Директорката на „Панче Караѓозов“ ако сака, може да побара и македонска паралелка за гинеколошко-акушерски сестри

Годинава за смерот гинеколошко-акушерска сестра во средното медицинско училиште предвидено е да има само паралелка од 34 ученици на албански јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот