
„Ќе го замолам Орбан Унгарија да престане да купува руска нафта“, најави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека ќе го замоли унгарскиот премиер Виктор Орбан да ја спречи Будимпешта да купува руска нафта, јавуваат западните медиуми
Препорачано
„Тој е мој пријател. Не сме разговарале, но чувствувам дека ако го повикам, може да престане (да купува руска нафта). И мислам дека ќе го направам тоа“, рече Трамп, пред средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Њујорк, пренесуваат медиумите
Трамп постојано ги повикуваше европските земји да престанат да купуваат нафта од Русија, вклучително и денес за време на говорот на Генералното собрание на Обединетите нации, барајќи дополнителен притисок врз претседателот Владимир Путин да ја запре војната во Украина.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по обраќањето на Трамп изјави дека е во право и дека работат на тоа Европа да престане да купува нафта од Русија до крајот на годината.
Иако европските земји престанаа директно да купуваат руска нафта по почетокот на војната во Украина во 2022 година, некои земји-членки на ЕУ продолжуваат да ја купуваат, а некои увезуваат дизел од Индија и Турција, каде што руската нафта се преработува во овој вид гориво.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
20мин
-
31мин
-
48мин
-
54мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5