Фото: Инстаграм

„Ќе го претепам од ќотек ако…“: Ѓорѓе Давид шокиран од обвинувањата за педофилија против пејач од „Ѕвездите на Гранд“

Ѓорѓе Давид жестоко го осуди непримерниот гест на пејачот, на кој му се закануваат сериозни санкции поради наводен обид за малтретирање на петнаесетгодишно девојче.

Откако  се дозна дека поранешениот учесник на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“,  Махир Петровиќ од Горњи Вакуф е пријавен за педофилија, Ѓорѓе Давид го прокоментира овој случај без да штеди на зборови, пренесува „Информер.рс“.

„Сите педофили би ги обесил за ј***а во планина. Тоа е мојот став. Да не даде Бог да ми се појави пред очи бидејќи ќе го пребијам од ќотек“, изјави пејачот.

Рокерот бил шокиран од наводните постапки на Махир Петровиќ, кој се обиде да изгради кариера со учество на популарниот музички натпревар.

„Петнаесет годишна малолетничка? Треба да одговара сериозно кривично ако има закон. Тој на 26 годишна возраст да сака врска со 15 годишно дете, значи мојата Сташа има 11 години. Би го згазнал со автомобил и би се вратил во рикверц за да потврдам“ нагласи Ѓорѓе.

Пријавениот поранешен натпреварувач беше еден од многуте кои јавно го поддржаа Ѓорѓе Давид откако доживеа сообраќајна несреќа со трагични последици во Македонија.

„Тоа нема никаква врска. Тоа што беше поддршка е човечно, а тоа што го направил е нечовочно. Ситуацијата што ја имав ја имав како комбинација на несреќни околности каде што сум по девет дена апсолутно ослободен од сите обвиненија. Ова што тој го направи беше намерно. Разликата меѓу случајноста и намерата е огромна … би ги вовел сите тешки затворски и смртни казни за силување, педофилија, малтретирање бебиња и деца. Тоа е нешто каде што сум многу радикален“ заклучи Ѓорѓе Давид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот