
Кимих: Непобедливи сме
Фудбалерите на Баерн Минхен цела вечер ја славеа победата над ПСЖ во финалето на ЛШ.
Германскиот тим по шести пат во клупската историја е европски шампион откако во финалето со 1:0 го совлада ПСЖ. Единствениот гол го постигна „детето“ на ПСЖ, Кингсли Коман.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Баерн е новиот европски шампион, Коман му се „одмазди“ на ПСЖ! (ВИДЕО)
Асистенцијата, односно одличниот центаршут беше дело на Џошуа Кимих кој по триумфот изјави дека неговите соиграчи имаат чувство дека се непобедливи.
– Ова е најголемиот ден во мојата кариера. Ова е неверојатно исто како и чувството да се биде на теренот заедно со вакви соиграчи. Кога сте заедно со браќата, дури и некој да погреши, веднаш ќе дојде друг и ќе го поправи тоа. Тренерот Јанси Флик од почетокот ни влеа самодоверба и имавме чувство дека сме непобедливи. Заслуживме да триумфираме – изјави Кимих.
Алфонсо Дејвис кој сигурно е изненадување на сезоната, се чувствува како е да е на Монт Еверест.
– За вакви работи сонувате како дете. Искрено, сè уште не можам да верувам, освојување на Лигата на шампионите е врвот во фидбалот. Среќен сум што сум дел од овој тим – рече Дејвис.