Урнат дрон Загреб EPA-EFE/ANTONIO BAT

Киев демантира дека дронот кој падна врз Загреб е украински

Советник на украинскиот министер за одбрана негира дека паднатиот дрон во Загреб кој зад себе остави кратер, е на украинската армија

„Овој воздухоплов не е наш и ги отфрлам изнесените наводи изјави Маркијан Либкијвски советник на украинскиот министер за одбрана за хрватски Јутарњи лист.

Загреб, 11 март 2022 / EPA-EFE/ANTONIO BAT

Тој додаде дека се очекува официјално соопштение од украинското МНР во соработка со Генералштабот на украинската армија.

– Барам хрватските партнери да спроведат истрага за да се открие кому му припаѓа леталото и како можело да се најде над Загреб и да падне во Загреб – изјави Лубќивски за Јутарњи лист.

Урнат дрон Загреб EPA-EFE/ANTONIO BAT

Непознато летало се урна синоќа кај загребски Јарун околу 23 часот. Засега теоријата е дека се работи за украински дрон Ту-141, а од Владата велат дека дошол од правец на Унгарија со брзина од 700 км/ч на надморска височина од 1300 м.

Загребската полиција на местото на настанот / EPA-EFE/ANTONIO BAT

– Според она што сега го имаме како информација, се работи за авион од руско производство, не се знае дали бил во сопственост на руската или на украинската армија. Познато е дека во Хрватска дошла од правец на Унгарија, а во Унгарија од правец на Романија. Надлежните служби вршат анкети. Контактиравме и со украинската страна за да видиме дали имаат информации како авионот стигнал до Загреб – изјави премиерот Андреј Пленковиќ во Версај, каде се одржува состанок на светските лидери за ситуацијата во Украина.

ВИДЕО: Некакво летало се урнало во Загреб, оставајќи кратер зад себе

Познати првите детали за мистериозното летало од Загреб: Пристигна од правец на Унгарија, со брзина од 700 км/ч

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот