Profimedia

Кетрин Зета Џонс изненади со невкусна шега за Мајкл Даглас

Актерката Кетрин Зета Џонс се пошегува за големата разлика во годините со нејзиниот сопруг Мајкл Даглас, но со оглед на тоа дека во тоа беше вклучено 12-годишно момче, многумина сметаат дека коментарот е сосема несоодветен.

Кетрин Зета-Џонс (55) предизвика бурни реакции откако во емисијата „Late Night with Seth Meyers“ раскажа анегдота од голф теренот, каде што била со нејзиниот сопруг Мајкл Даглас (80).

Актерката раскажа дека за време на тренингот, едно момче ѝ пришло и ѝ побарало автограм.
„Беше навистина сладок“, рече таа, пред да додаде дека помислила: „Хаха, кога ќе имам 70 години, ова слатко момче ќе има 33“.

Водителот Сет Мејерс се надоврза со прашање:

„Може ли Мајкл да препознае кога пресметуваш вакви работи во главата?“, на што Кетрин одговори дека нејзиниот сопруг обично мисли дека размислува за избор на палка за голф, а всушност ја пресметува нивната разлика во години.

Потоа Мајерс се пошегува: „Само да знаеш дека не можеш да му го дадеш твојот телефонски број додека има 12 години.“

Кетрин на тоа возврати:

„Еј, Мајкл Даглас е 25 години постар од мене.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот