EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Кениецот Кипчоге го одбрани маратонското злато

Кениецот Елиуд Кипчоге по триумфот на Игрите во Рио де Жанеиро, славеше и на маратонската трка во Токио и уште еднаш потврди дека е најдобриот маратонец на сите времиња.

 

Кипчоге на маратонската трка во Токио победи со време од 2:08.38 часа и за повеќе од една минута беше побрз од второпласираниот Абди Нагеје од Холандија, додека бронзата му припадна на Башир Абди од Белгија кој трката ја истрча во време од 2:10.00 часа.

Еден од фаворитите за златниот медал, Стивен Кипротич од Уганда се откажа од трката. Олимпискиот шампион од Игрите во Лондон 2012 година беше забележен како оди на 10-от километар што значеше крај на трката за него.
Олимпискиот шампион Елиуд Кипчоге воедно е и светски рекордер во маратон со време од 2:01.39 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот