Кејн сруши рекорд во Баерн, зад себе ги остави Манџукиќ, Милер и Клосе

Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Aнглискиот фудбалер, Хари Кејн на фантастичен начин ја започна сезоната во дресот на Баерн Минхен.

Кејн беше платен 100 милиони евра и во првите пет натпревари во Бундеслигата постигна седум голови со што постави нов рекорд. Против Бохум вчера, Кејн запиша хет-трик.

Никој пред него во првите пет рунди не постигнал повеќе голови за гигантот од Минхен. Последен кој постигна пет гола беше Марио Манџукиќ во сезоната 2012/2013, како и Герд Милер сезоната 1965/1966, односно Мирослав Клосе во 2007/2008.

Кејн пред вчерашниот хет-трик постигна еден гол против Вердер, два против Аугусбург и еден на средбата со Леверкузен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот