Апсење / лисици / Фото: МИА

Кавадарчанка и стружанец приведени поради предизвикување пожари

Кавадарчанка и стружанец се приведени вчера во Кавадаречко и Струшко поради предизвикување пожари, информираат од МВР.

Во село Кошани, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода В.В.(34) од село Бегниште, поради сомнение дека околу 14:00 часот на својата нива запалила стари предмети. Пожарот се проширил и зафатил родни дрва и три лозови насади на сопственост на други лица од селото. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кавадарци, а повредени нема.

Исто така, во село Лабуништа, струшко, полициски службеници од Полициското одделение Велешта го лишиле од слобода Ќ.Б.(83), кој околу 10:00 часот запалил сува трева, по што пожарот се проширил и зафатил стрниште. Пожарот бил изгаснат од месното население и од територијалната противпожарна единица Струга, без повредени лица.

По целосно документирање на случаите, против двете лица ќе бидат поднесени пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот