Јоргос Катругалос /фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Катругалос: Мицотакис ги толерира оние кои говорат за поништување на Договорот од Преспа

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега пратеник од СИРИЗА и надлежен за надворешна политика Јоргос Катругалос ги поздравува изјавите за време на Комисијата за национална одбрана и надворешни прашања на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас „за важноста на целосното и доследно почитување на Договорот од Преспа” како и изјавата на пратеничката од Нова демократија, Дора Бакојани „која го повика Дендиас да преземе иницијативи за поддршка на договорот”, јави дописничката на МИА од Атина.

-Господинот Мицотакис, кој инвестираше во етно-популизмот и лицемерието, спротивставувајќи се на Договорот од Преспа, денес ги толерира оние кои говорат за поништување на Договорот, вели Катругалос и додава дека грчкиот премиер треба да ги објасни позициите на владата.

На вчерашната Комисија за национална одбрана и надворешни прашања во грчкиот Парламент, како што веќе објави МИА, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас рече дека потребно е целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа и истакна дека Грција ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, но очекува од двете соседни земји „да направат опипливи чекори напред во важните прашања”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот