фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Катастрофална вест за Барса: Гави ќе биде надвор од терените до крајот на годината

Барселона потврди дека младата ѕвезда Гави (Пабло Паез Гавира) успешно беше опериран поради повреда на коленото. Според официјалниот твит на клубот, 21-годишниот играч на средината бил подложен на артроскопска интервенција за лекување на повредата на медијалниот менискус. „Менискусот е зашиен со цел зачувување, што е метод кој бара подолг период на опоравување,“ соопшти Барселона.

Лекарскиот тим проценува дека периодот на опоравување ќе трае меѓу четири и пет месеци, што значи дека клубот нема да може да смета на Гави до крајот на годината. Оваа вест изненади многу навивачи, особено по прашањата на медиумите дали ќе биде спремен за првиот овосезонски Ел Класико на 26 октомври.

Гави се повреди кон крајот на август на тренинг, а веќе претходно постоеше страв од сериозна повреда на коленото. Тој минатиот ноември (2023) доживеа тешка повреда на предните крстни лигаменти и оштетување на менискусот на истото колено, поради што паузираше една година.

Младиот играч се приклучува на сè подолгиот список на повредени во тимот на „Камп Ноу“, каде веќе се наоѓаат Фермин Лопез, Ламин Jамал, Алехандро Балда и голманот Марк-Андре тер Штеген.

Превземено од: https://sport.com.mk/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот