фото: рк металург

Кастратовиќ освои сребро со Саудиска Арабија на Азиските игри во Алжир

Еден од најпознатите македонски ракометни тренери, Зоран Кастратовиќ го освои сребрениот медал со Саудиска Арабија на Азиските игри.

Саудиска Арабија во финалето не успеа да направи изненадување и загуби од фаворизираниот Катар со 38:24.

Домаќинот Алжир во битката за бронзата го победи Иран со 31:29.

Во минатото 57-годишниот стратег беше и селектор на машките националните репрезентации на Иран и Црна Гора, како и женската репрезентација на Македонија.

На клупски план соработуваше со Ал Мудар, Вардар, Металург, Пролет, Беране, Слобода Тузла, Сутјеска Никшиќ и Ел Џаиш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот