Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук

Касами влегува во фолклорот на ДУИ без потреба, тој нема никаква политичка моќ да одлучува, порача Мицкоски

Според Мицкоски граѓаните треба да гледаат што се работи и што е сработено, а не да оценуваат врз основа на етничка припадност, политичка припадност или неприпадност.

Етничките поделби и тензии не се алатка за да се привлече внимание во јавноста и да се добијат гласови му порача премиерот Христијан Мицкоски на градоначалникот на Тетово, Билал Касами. Според Мицкоски, Касами треба да зборува за проектите кои заедно со поддршка на Владата се направени за сите и за Македонците и за Албанците, за Турците, Србите, Власите, Бошњаците…

Неговата реакција е одговор на вчерашниот повик на Касами до Албанците да си ја вратат општина Брвеница.

„Ја слушнав изјавата на Касами. За жал влегува во фолклорот на ДУИ без потреба. Тоа е политика на минатиот век и мислам дека не му носи предност на никого. Тој нема никаква моќ да одлучува процеси во државата“ порача Мицкоски кој денеска во Брвеница ја нагласи поддршката за актуелниот градоначалник Јовица Илиевски.

Според Мицкоски граѓаните треба да гледаат што се работи и што е сработено, а не да оценуваат врз основа на етничка припадност, политичка припадност или неприпадност.

„Јас сум убеден дека со својата речиси четиригодишна работа, градоначалникот заслужи доверба на жителите на Општина Брвеница и по втор пат и заедно со Владата ќе направиме уште многу проекти во следниот четиригодишен мандат како градоначалник овде во Општина Брвеница“ рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!