Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Касами: Нашите противници шират лажни, а ние прекрасни вести, ќе се гради канализација

Со голема радост ве информирам дека со нашата голема посветеност и напорна работа денеска носиме прекрасни вести, рече градоначалникот на Општина Тетово на предновогодишниот брифинг со новинарите.

„Денеска сме тука да ја соопштиме најважната вест за градот и граѓаните на Општина Тетово, веста поврзана со најголемиот проект во рамки на ИПА програмите (2014-2020), кој вклучува изградба на канализација, што подразбира примарна и секундарна мрежа за градот и селата Џепчиште, Порој, Голема Речица, Мала Речица и Фалише. Не можевме да очекуваме подобри вести за 2023 година, а тоа е благодарение на посветеноста, ефикасноста на администрацијата и граѓаните кои соработуваа со нас, за навреме да ја завршиме документацијата и планот за да добиеме дозвола за започнување на овој проект. Тендерската документација за изградбата на колекторот за отпадни води како и филтер станицата е одобрена од ЦФЦД, при Министерството за финансии и истата на 26.12.2023 година е објавена на нивната веб-страница“, рече градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами.

Проектот како што посочи Касами е инициран уште во 2014 година и ја опфаќа филтер станицата за отпадни води во село Фалише, примарна и секундарна канализациона мрежа за Тетово, вклучително и поврзување на граѓаните со селата Џепчиште, Порој, Голема Речица, Мала Речица и Фалише.

„Предходните раководители на општината, во два мандати, освен апликација и подготовка на проектите, не презедоа никакви понатамошни чекори во насока на следење на процедурите за успешно затворање на овој проект, оставајќи го пред неуспех и не давајќи никаков отчет пред граѓаните и пред меѓународните институции кои се многу строги во овој поглед. Сакам да истакнам дека со нашето доаѓање на чело на Општина Тетово, веднаш ги започнавме процедурите за продолжување на овој многу витален проект за Тетово и за околните села, за на крајот да го решиме проблемот со канализацијата во Тетово и селата вклучени во овој проектПрвично, на средбата што ја имавме со претставници на Европската делегација, Министерството за финансии и екологија, беше побарано од нас да го завршиме процесот на експропријација на имотите во деловите каде што ќе поминува колекторот. Околу 1.400 предмети за експропријација се доставени до Министерството за финансии, односно до Дирекцијата за имотно правни работи во рекордно време“, рече Касами.

Нема да застанеме само со овој голем проект, туку ќе продолжиме да аплицираме до сите релевантни европски и меѓународни институции за да се подобри инфраструктурата во Општина Тетово и да се обезбеди подобар живот на граѓаните, дополни градоначалникот Касами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот