Фото: Pixabay

Кардиолозите открија која храна ја јадат ретко или никогаш

Повеќето од нас се свесни дека одредени навики, како што се пушењето и долготрајното седење, се исклучително лоши за здравјето на срцето. Сепак, некои намирници кои во одредени диети дури е и пожелно да се јадат, може да го нарушат здравјето на вашето срце.

Кардиолози за „Хафингтон пост“ споделиле кои намирници ги избегнуваат 99 отсто од случаите. Тие напоменуваат дека ниту една од овие намирници нема да ве убие ако ја јадете одвреме-навреме, но тие сепак никогаш (или многу ретко) не ја јадат.

Црн дроб

Црниот дроб или го сакаш или не. Ако спаѓате во втората група, имате среќа. Кардиологот Елеонор Левин никогаш не јаде црн дроб.

„Тоа е црвено месо кое е исклучителнобогато со маснотии. Јас генерално избегнувам црвено месо бидејќи е многу богато со заситени масти и трансмасти, кои се лоши за срцето и можат да предизвикаат и остеопороза. Црниот дроб е особено лош, бидејќи тоа е и орган во кој се филтрираат токсините, па тие обично во него се задржуваат. Како мала јадев црн дроб, но престанав кога станав кардиолог“, рекла таа.

Колбаси

Доктор Елизабет Клодас по секоја цена ги избегнува колбасите.

„Богати се со натриум, па промовираат висок крвен притисок, но и заситени масти кои го зголемуваат холестеролот“, посочува таа и додава дека Светската здравствена организација го класифицирала целото преработено месо, вклучително и колбасите, шунката и сланината, како канцерогени.

Маргарин

Ако сè уште јадете маргарин, време е да престанете, предупредува кардиологот Хармони Рејнолдс.

„Студијата покажа дека луѓето со секоја лажица маргарин дневно имале 6 отсто поголеми шанси да умрат во текот на 16-годишното истражување. Маслиновото масло е подобро бидејќи секоја лажица маслиново масло е поврзана со 4 отсто помал ризик од смрт. Имајќи го тоа на ум, им велам на моите пациенти да користат маслиново масло секогаш кога е можно, дури и за подготовка на јајца или тост“, објаснила таа.

Шницла

Жал ни е ако обожавате бифтек, но тоа е уште една храна што треба да ја избегнувате поголемиот дел од времето.

„Избегнувам многу мрсно црвено месо бидејќи е богато со заситени масти. Клиничките студии покажаа дека консумирањето на заситени масти е поврзана со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, рак и дијабетес“, вели д-р Леонард Лили, кој, сепак, во исклучителни ситуации си дозволува да ужива во сочен стек.

Сланина

Исто како и колбасите, сланината е исто така намирница која треба да се избегнува. Кардиологот Франсоаз Марвел вели дека проблемот е во начинот на кој се обработува сланината.

„Процесот вклучува сушење на свинското месо, што обично значи додавање сол, шеќер и нитрати. Големите количини сол може да го зголемат крвниот притисок и задржувањето на течности, предизвикувајќи срцето да работи посилно за да пумпа крв низ телото. Висок крвен притисок или хипертензија, е и главен фактор на ризик за кардиоваскуларни болест“, наведува таа.

Хемикалиите што се додаваат во месото, како што се нитрати, се поврзани со рак и други здравствени проблеми.

Пилешко пржено во длабока маснотија

Похуваното пилешко можеби ви е омилено јадење, но не е добро за вашето срце. Доктор Санџај Маниар ги избегнува повеќето јадења пржени во длабоко маснотија, бидејќи, како што вели, тие го зголемуваат ризикот од срцеви болести и мозочен удар.

Крофни

И крофните настануваат со пржење во длабоко масло, па не е чудно што се наоѓаат на оваа листа.

„Крофните се пржат во масла кои содржат трансмасти, за кои е познато дека го зголемуваат нивото на холестерол и шеќер во крвта, придонесувајќи за дијабетес тип 2, срцеви болести и мозочен удар“, тврди д-р Џејн Морган.

Друга работа е ако крофните ги пржите на палмово масло кое не содржи трансмасти. Сепак, палмовото масло содржи заситени масти, што не значи дека можеме да уживаме во вака подготвени крофни колку сакаме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот