Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Кардиф нова опција за Енис Барди?

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди како што стојат работите нема да биде фудбалер на Трабзонспор по завршувањето на овој месец. Претходно Барди се поврзуваше со Унион Берлин од Германија, а сега како опција се појави и Кардиф.

Кардиф е тим кој се натпреварува во Чемпионшип и тренерот на овој тим Ерол Булут наводно сака да го има Барди во своите редови.

Опцијата која се споменува во турските и островските медиуми е позајмица до крајот на сезоната. Кардиф во овој момент е на деветтото место на табелата, па има амбиции во вториот дел од сезоната да се вмеша во битката за местата кои носат во плеј-офот за пласман во Премиер лигата.

Од друга страна Трабзонспор е отворен да преговара за позајмица или продажба на Барди бидејќи не е во плановите за стартниот тим.

Енис Барди на трансфер листата на Трабзонспор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот