Фото: Frank Vasquez / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Карди Би тврди: Офсет ме држи како заложник, ги сака моите пари пред да се реши за развод

Карди Би тврди дека таа и Офсет сè уште не се официјално разведени од финансиски причини. Раперката откри дека процесот е заглавен бидејќи нејзиниот иден поранешен сопруг наводно бара таа да ги плати неговите даноци и да му препише еден од неговите имоти, според „Пипл“.

За време на преносот во живо на „Икс Спејс“ во понеделник, раперката, чие вистинско име е Белкалис Алманзар, објасни зошто сè уште е во брак со Офсет иако таа поднесе барање за развод пред повеќе од една година. Таа, исто така, се осврна на критиките што ги доби за објавувањето на нејзината бременост со новиот дечко Стефон Дигс додека сè уште беше законски мажена.

– Единствената причина зошто сè уште сум во брак е затоа што некој сака да му ги плаќам даноците – рече 32-годишната Карди Би, осврнувајќи се на нејзиниот брак со 33-годишниот рапер, со кого има три деца.

– Сакате да ја знаете вистината? Единствениот начин да излезам од овој брак е да плаќам даноци на други луѓе, иако го плаќам својот, и да им дадам еден од моите имоти. Ќе се борам за тоа. Ова не е некоја љубовна глупост. Нема да престанам да го живеам својот живот – додала таа.

Карди Би нагласи дека таа и Офсет, чие вистинско име е Киари Кефус, се „легално разделени“.

– Според договорот, јас сум во основа сè уште во брак затоа што некој сака да ме држи како заложник – рекла таа.

Двојката почна да се забавува во 2017 година и се венчаа истата година. Нивната врска беше турбулентна од самиот почеток, а пејачката на „I Like It“ поднесе барање за развод од Офсет во 2020 година, а потоа повторно во 2024 година.

Само неколку дена пред говорот, додека го промовираше својот последен албум, „Am I the Drama?“, Карди Би објави дека го очекува своето четврто дете, прво со ѕвездата на „New England Patriots“, 31-годишниот Дигс. Таа, исто така, се осврна на коментарите за бременоста, критикувајќи ги луѓето кои „го прават да изгледа како да имам стотици милијарди татковци на деца“.

Во мај, „ТМЗ“ објави дека Офсет поднел изменето барање за развод, барајќи неодреден износ на брачна издршка од Карди Б, а истовремено продолжува да бара заедничко старателство над нивните три деца: ќерките Култур Киари, 7, и Блосом Бел, 1, и синот Вејв Сет, 4.

ВИДЕО | Карди Би објави среќна вест: Очекува четврто дете, прво со сегашниот партнер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот