Карате ветераните од Србија, Бугарија и Македонија ќе се дружат во Крива Паланка

На средбата на ветераните ќе бидат одбележани неколку јубилеи, ќе бидат доделени признанија, а ќе има и натпревари во кати

Необична и интересна регионална средба ќе имаат карате ветераните од Србија, Бугарија и Македонија во Крива Паланка, од 6 до 8 декември. Со таа средба ќе се одбележи активноста во карате спортот во овој македонски град, односно постоењето на КК „Крива Паланка 84“.

На средбата ќе присуствуваат повеќе десетици карате ветерани од трите земји, а меѓу нив ќе бидат и екс-ју, европските и светски легенди во овој спорт браќата Марко и Ѓорѓе Ницовиќ од Србија.

Главниот настан ќе биде на 7 декември. Со Свечена академија од 13 часот ќе се одбележи 50 години практикување карате спортот во Крива Паланка, односно 40 години постоење на карате клубот „Крива Паланка 84“.

На свеченоста, меѓу другото, ќе бидат доделени признанија на заслужни каратисти и карате работници…

По Свечената академија ќе се одржи ревијален тренинг на македонските карате ветерани, а потоа и тромеч во кати на каратистки и каратисти ветерани од Бугарија, Србија и Македонија (од 16 до 17 часот).

Дружењето на каратистите од регионов ќе продолжи со заедничка вечера во манастирот Свети Јоаким Осоговски.

Според Чедомир Саздовски, претседател на Унијата на карате ветерани на Македонија, на оваа средба ќе присуствуваат околу 60 до 70 ветерани од земјава, како и карате тимови од Србија и од Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот