Канје Вест и Бјанка Ценсори / Фото: EPA

Канје Вест шокираше со новата песна, тврди дека Бјанка го оставила: „Мојата сакана побегна…“

Контроверзниот рапер Канје Вест шокираше со својата нова песна „БЈАНКА“ (BIANCA) во која рече дека сопругата Бјанка Ценсори го оставила поради вознемирувачки објави на социјалните мрежи. Песната „БЈАНКА“ ќе се најде на неговиот албум „WW3“ кој го најави пред неколку дена.

Текстот на песната е објавен на веб-страницата „Гениј“ (Genius), а во нив Вест признал дека Ценсори имала напад на паника поради неговите испади на социјалната мрежа Икс.

„Мојата сакана побегна/Но прво се обиде да ме натера да одам на лекување/Нема да одам во болница затоа што не сум болен, само не ми е јасно/Има напад на паника и не ѝ се допаѓа начинот на кој твитам/Додека Бјанка не се врати, ќе останам буден цела ноќ, нема да спијам/навистина не знам каде е“, вели тој во песната што ја објави во четвртокот.

Преку песната откри и дека сфатил дека Бјанка го оставила следејќи ја нејзината локација преку апликација. Тој, исто така, го нападна нејзиното семејство во песната.

„Тие сакаат да одам на лекување/Тие сакаат да избегам“, додаде тој.

Канје го спореди неговиот и односот на Бјанка со врската на Шон Диди Комбс и неговата поранешна девојка Кеси Вентура.

„Се чини дека ние сме новите Кеси и Диди/ја правам оваа песна за Бјанка “, рече тој во текстот, завршувајќи ја песната со: „Бјанка, само сакам да се вратиш/Врати ми се/Знам што направив за да те налутам“.

Меѓу пошокантните стихови во оваа песна беше оној за Кеси и Диди. Вест во последно време не крие дека е на страната на озлогласениот музички магнат кој во септември беше уапсен под сомнение за рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и криминални дејствија поврзани со проституција. Минатиот месец, Канје на „Икс“ тврдеше дека Вентура, која поднела тужба за сексуален напад против нејзиниот поранешен во 2023 година, го „уценувала“ Диди.

Освен тоа, неколку пати на социјалните мрежи ги напаѓал Евреите, рекол дека е нацист, истакнал дека „го сака Хитлер“ и рекол дека има доминација над својата сопруга. Преку Икс, тој исто така започна да ја промовира маицата на неговиот бренд со свастика, а истиот симбол е и на насловната страница на неговиот нов албум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот