
Канада: Вкупно 120 училишта пријавиле случаи на Ковид-19
Само неколку дена по отворањето, во речиси 50 училишта во канадската провинција Квебек, се пријавени случаи на Ковид-19, а четири дена подоцна тројно се зголеми бројот на училишта со позитивни случаи.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според канадскиот весник „Ла Прес“, вкупно 120 училишта пријавиле случаи на Ковид-19 од кои во 50 се прават проверки, бидејќи информациите „не биле пренесени во согласност со утврдените правила”. Сепак, 70 основни и средни училишта низ провинцијата имаат барем еден потврден случај на коронавирус додека расте бројот на заразени лица низ цела Канада.
Водечката канадска лекарка за јавно здравје, Тереза Там, вели дека бавното, но постојано зголемување на бројот на луѓе со позитивен тест за Ковид-19, е причина за загриженост. Вкупно, 3.955 луѓе биле позитивни на тестот ширум Канада во изминатата недела, а 28 лица починале од последици на Ковид-19.
Ако се спореди со 3.044 позитивни тестови и 44 смртни случаи од претходната недела, се забележува зголемување од 25 проценти на нови случаи за само една недела.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
18мин
-
18мин
-
23мин
-
40мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5