Александар Николоски / Фото: Влада на РСМ

Каматата за парите од Британија ќе биде „доста пониска“ од 3,5 проценти, вели Николоски – кредитот ќе го враќаме „над 15 години“

Каматата на парите што владата ги позајмува од Велика Британија ќе биде „доста пониска“ од 3,5 проценти кои Србија ги плаќа за заемот за изградба на автопатот од Белград до Сараево, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, наведувајќи дека Македонија „дефинитивно ќе добие рок на отплата над 15 години за британскиот заем“.

Николоски минатиот месец во име на Владата, во Лондон го потпиша договорот со кој земјава ќе се задолжи до шест милијарди евра од комерцијални банки од Велика Британија, а парите ќе се користат за изградба на капитални инфраструктурни проекти.

– Србија сега гради автопат Белград-Сараево со каматна стапка 3,5%. Ние ќе имаме доста пониска – рече вицепремиерот и министер за транспорт најавувајќи дека следната недела ќе отпочне процесот на изнаоѓање финансии за проектите од Договорот.

– Во Штип ќе се заврши изградбата на Клиничката болница, ќе се гради нов Медицински факултет и студентски дом. На овие проекти додаваме целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово, како и изградба на целосно нова болница во Кичево, заедно со целосно нов Здравствен дом. За сите проекти се добива сума од некаде 190 милиони евра, за сите заедно – додава вицепремиерот истакнувајќи дека целиот процес на набавки ќе биде транспарентен.

Договорот со Британија Николоски го потпишал под непостоечката функција „потпретседател на РСМ“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот