фото: mtftennis.mk

Калин Ивановски запиша победа на ИТФ турнирот во Пореч

Македонскиот тенисер Калин Ивановски оствари победа на стартот од квалификациите на ИТФ турнирот во Пореч, Хрватска. Ивановски во првата рунда од квалификациите денеска го совлада Макс Батјутенко од Казахстан со 2:0 во сетови 7:6 (2) и 6:2.

Во понеделник нашиот натпреварувач во втората квалификациска рунда ќе игра против Марко Николиќ од Србија, кој со 7:5 и 7:6 (1) го победи Матиес Торес Рамис од Шпанија.

Турнирот „Истраска Ривиера“ се игра за награден фонд од 15.000 долари, на отворено на земјена подлога.

Настап во следниот период го очекува и Горазд Србљак кој настапува на ИТФ турнирот во Аламинос, Кипар. Турнирот се игра за награден фонд од 15.000 долари, на отворено и на земјени терени.

Во првата квалификациска рунда Србљак беше слободен, а утре во второто коло од квалификациите ќе игра против Британецот Кристијан Дел, кој со 6:4 и 6:2 беше подобар од Метју Безденхот од Кипар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот