Калин Ивановски напредуваше за едно место на АТП листата

Македонскиот тенисер Калин Ивановски/фото: mtftennis.mk

Најдобро рангираниот македонски тенисер на АТП ранг листата Калин Ивановски оваа недела има скок за едно место.

Моментно во сингл конкуренцијата Ивановски се наоѓа на 360 место со 137 поени.

Горазд Србљак има пад за една позиција и со 10 поени е на 1069 место, додека Обрад Марковски има скок од три места и сега е рангиран на 1609 позиција со два поени.

Во конкуренција на двојки Ивановски има пад за седум места и се наоѓа на 674 позиција со 71 поен, додека Берк Бугариќ е рангиран на 1363 место со 16 поени (скок за едно место).

Обрад Марковски и во двојки има скок и се наоѓа на 1867 (скок седум позиции) со пет поени, а Елдин Хусеиновиќ со три поени се наоѓа на 2160 позиција (напредок три места) со три поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот