Фото: Pexels / Shiny Diamond

Какви се вашите веѓи? Нивниот изглед може да открие многу за вашето здравје

Веѓите можат да бидат показател за вашето општо здравје и да ви дадат индиции за тоа дали се храните добро или спиете доволно. Од проблеми со тироидната жлезда до проблеми со кожата, вашите веѓи можат да откријат многу.

Без разлика дали ги одржувате дебели и полни, остри и тенки, ги избелувате или ги бојадисувате, важно е да внимавате на веѓите кога ќе се погледнете во огледало.

„Веѓите можат да откријат различни здравствени проблеми, од хормонална нерамнотежа до автоимуни нарушувања3, вели д-р Сара Џенкинс.

Докторката сподели неколку од најчестите здравствени проблеми на кои може да укаже изгледот на веѓите.

Недостаток на железо

Ретчењето на веѓите може да биде знак за недостаток на хранливи материи, особено железо. Други симптоми на недостаток на железо може да вклучуваат отежнато дишење, палпитации, односно зголемен пулс, како и бледа кожа.

Хипотироидизам

Состојбата на вашите веѓи на нивните краеви може да укажува на хипотироидизам. Во овој случај, кожата околу веѓите ќе биде сува и ќе се лупи.

Псоријаза

Одредени кожни заболувања, како што е псоријазата, исто така може да влијаат на изгледот на вашите веѓи. Кожата околу веѓите ќе стане груба, ќе ве чеша и ќе се лупи, што може да доведе до губење на влакната. Псоријазата вклучува и појава на првут на кожата кој исто така може да се појави на лактите, колената, скалпот и долниот дел на грбот, но може да се појави насекаде.

Алопеција

Ако забележите дека веѓите ви паѓаат и се истенчуваат, можеби страдате од алопеција. Автоимуната болест може да влијае и на други делови од телото, вклучувајќи ја косата, брадата, веѓите и другите влакнести делови од телото. Ова се случува кога клетките погрешно ги напаѓаат фоликулите на косата, спречувајќи ги да произведуваат повеќе влакна.

Причината за состојбата е непозната, но недостатокот на железо и стресот може да ја поттикнат состојбата, иако многу експерти го оспоруваат тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот