Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Какви прашања поставува Џеф Безос на интервју за работа?

Основачот на Амазон прашал дали може да процени колку прозорски стакла има во Сиетл, кој беше седиштето на компанијата.

Во раните фази од развојот на Амазон, кандидатите за работа биле испрашувани од самиот основач на компанијата Џеф Безос, поставувајќи им прилично необични прашања. Меѓу нив била и Ен Хајат, која аплицирала за работа во 2022 година, штотуку завршена универзитет, без никакво работно искуство- објави Каматица.

Првото изненадување за неа било фактот дека воопшто била поканета на интервјуто, а следното изненадување биле прашањата на Безос. Имено, основачот на Амазон прашал дали може да процени колку прозорски стакла има во Сиетл, кој беше седиштето на оваа компанија. Бидејќи приближно знаела колку луѓе живеат во тој град, почнала да размислува за тоа колку домови би можеле да има во него, како и колку јавни и деловни простори имаат прозорци.

Кога му ја кажала својата претпоставка за тоа колку такви места има, Безос самиот ја направил пресметката на својата канцелариска табла. Потоа ја прашал какви се нејзините кариерни цели, на што Хајат одговорила дека сака да работи во иновативна компанија со луѓе кои доаѓаат таму да работат на нови решенија и дека сака да го развие својот потенцијал со нив.

По овие одговори, веднаш ѝ била понудена работа и таа почнала да работи заедно со Безос. Со текот на времето, сфатила дека нејзиниот директор всушност проверува колку е храбра, односно дали ќе ѝ биде дозволено да се вклучи во толку комплицирано пресметување на интервју за работа, иако тоа може негативно да влијае на конечниот исход од интервјуто за работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот