Валмир Какруки/фото: kfsm.mk

Какруки пред мечот со Романија: Нема предавање, ќе го дадеме максимумот во Орадеа

В среда од 18.00 часот во Орадеа македонската сениорска кошаркарска репрезентација против Романија ќе го игра третиот натпревар од претквалификациите за Светскиот куп 2027.

Македонскиот репрезенативец Валмир Какруки ги споделувања своите очекувања пред утрешниот дуел:

– Бевме многу блиску до победата на отворањето на овие претквалификации. Бевме егал со романскиот тим, се до две-три минути пред крајот. Во тие моменти и беше решен победникот. Добро се сеќаваме на тој меч, но одиме понатаму, пред нас е уште еден, против ривал кој го знаеме доста подобро отколку на тој дуел во Куманово – вели силното крило во нашата национална селекција.

Во меѓувреме, Романците беа подобри од Унгарија, ние загубивме од унгарскиот тим на гостувањето во Солнок, па дуелот кој се игра во среда навечер ќе има и некоја императивна форма за нашиот, доста подмладен, состав:

– Неискуството си го прави своето. На нас е да „растеме“ од натпревар во натпревар. Да бидеме подобри и подобри, и не се сомневам дека резултатите ќе дојдат. Веројатно Македонија досега немала помлад состав во сениорската селекција. И тоа мора да се земе в предвид кога се даваат некои оценки за квалитетите на репрезентацијата. Нема предавање, тоа можам да го порачам. Сите кои сме тука, сме како еден. Можам да ветам борба, за секоја топка, за секој поен. Тоа е онаа основното, а што ќе биде на крајот, ќе видиме. Битно е ние да го дадеме својот максимум од можностите, а каков ќе биде резултатот, се надевам позитивен за нас – рече Какруки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот