
Како треба да изгледа правилната исхрана за време на постот
Постот се смета за ефикасен и евтин метод за чистење на организмот, односно е една од формите на детоксикација, која лесно можете сами да ја направите. Самиот Хипократ ги советувал болните наместо со медикаменти, своето тело и душа да ги лекуваат со пост, умерена физичка активност и чист воздух.
Препорачано
Велигденскиот пост опфаќа седум недели, трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Многумина, иако се верници, постот го доживуваат како диета и можност да се ослободат од вишокот килограми. Постот се дефинира како воздржаност од храна, а причините поради кои едно лице пости може да бидат религиозни или здравствени.
Еве како треба да изгледа правилна и урамнотежена исхрана во деновите на постот:
– Во текот на постот, посебно внимание треба да се обрне на хидратацијата, затоа секој ден консумирајте 2-3 литри вода.
– Денот треба да започне со појадок. Многу е важно да јадете овошје секој ден и да пиете природно исцедени сокови. Задолжително јадете салати од свеж или кисел зеленчук еднаш дневно, како и варен или динстан зеленчук.
– Внесувајте во организмот што повеќе витамини и минерали, особено витамин Ц.
– Секој ден јадете оброк од мешунки (грашок, леќа, грав, леблебија, боранија, печурки), кои имаат низок гликемиски индекс, а обезбедуваат доволно енергија за бројни дневни активности. Од мешунките можете да готвите чорби, да правите салати, пире, пити, варива и мусака.
– Храната долго џвакајте ја.
За децата во раст и развој, трудниците и доилките, пациентите со напреднат карцином, дијабетес, туберкулоза и сериозни кардиоваскуларни болести, лицата со хипогликемични кризи, спортистите и лицата кои извршуваат тешки физички работи не се препорачува практикување на подолг пост.