Фото: Принтскрин/Јутјуб

Како се збогатил најмладиот милијардер во светот: На 18 години добил огромна сума на пари, но во позадина приказната е тажна

Барем еднаш секој си замислил како би било да му „паднат пари од небо“ и да ужива во милиони. Некои доживеале таква судбина, но зад неа не е секогаш бајка.

Италијанецот Клементе дел Векио станал милијардер на 18 години. Според листата на магазинот „Форбс“, неговото нето богатство е речиси пет милијарди долари.

@ryanrude_ The youngest billionaire in the world #storytime #business #businesstips #wealthymindset #billionaire ♬ original sound – Ryan

Таткото на Клементе, италијанскиот милијардер Леонардо Дел Векио, поранешен претседател на компанијата „EssilorLukottica“, најголемата светска компанија за очила, почина на 87-годишна возраст во јуни 2022 година. Неговото богатство од 25,5 милијарди долари го наследи неговата сопруга и шесте деца, меѓу кои и Клементе – кој стана најмладиот милијардер во светот.

Тој стана милијардер на 18-годишна возраст, со наследување на 12,5 отсто од акциите во холдинг-компанијата на неговиот татко – „Делфин“, со седиште во Луксембург.

Дел Векио, и покрај неговото значително наследство, се вели дека е фокусиран на неговите студии и лични интереси. Тој покажа голем интерес за науката и технологијата, изразувајќи ја својата желба да посетува колеџ и да продолжи кариера во овие области.

Клементе Дел Векио, наводно, поседува неколку луксузни имоти во Италија, вклучувајќи вила на езерото Комо и стан во Милано. И покрај огромното семејно богатство што произлегува од империјата на Леонардо, што вклучуваше купување на големи брендови како Sunglass Hut и Rey Ban, Клементе остана повлечен и, наводно, не бил директно вклучен во работите на неговиот татко, пишува српски „Курир“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот