
Како хороскопските знаци се справуваат со „лошите“ денови
Ако сметате дека астрологијата влијае на вас, тогаш начинот на кој секој хороскопски знак се справува со лошиот ден, зависи од ѕвездите. Немојте да дозволите лошиот ден да влијае лошо на вас и вашиот живот. Лошите денови нека ви бидат мотив за уште похрабро да продолжите понатаму. Еве како хороскопските знаци се справуваат со „лошите“ денови.
Препорачано
Овен
Овните имаат позитивен дух, затоа е потребно многу повеќе од еден лош ден за да се изместат од својот колосек. Тие се посветуваат на качување по карпи, велосипедизам или трчање за да го надминат лошиот ден.
Вежбањето е природен начин за подобрување на расположението, тоа може да ви помогне да спиете подобро и да се ослободите од стресот. А, што друго ви треба после еден ден поминат во „пеколот“? Овните секогаш наоѓаат начин да го зачувуваат оптимистичкото во себе.
Бик
За Бикот да преживее лош ден, треба да ги предизвика своите сетила. Ароматерапијата, масажата, бањата со мирисливи масла или јадењето на некое од омилените јадења ќе направи чуда за неговото расположение.
Тој не мора да стори многу за да го надмине лошиот ден, така што лесните работи во кои Бикот не мора да вложи многу напор се најдобри. Ако на ваквиот ден тој сака само да се спружи на каучот и да гледа филмови или серии и тоа е добро решение за него.
Близнаци
Ако Близнаците имаат ужасен ден, најдоброто нешто што може да го направат е да поминат време со своите пријатели, партнерот или семејството – секој кому му веруваат и од кого добиваат поддршка.
Иако Близнаците имаат многу познаници, постојат многу малку луѓе на кои навистина им веруваат, но тие луѓе ним им значат сè и имаат моќ да ги лекуваат со своето присуство.
Рак
Ако Ракот има ужасен ден, нивниот прв инстинкт може да биде да полудат уште додека се во кревет и да спијат долго време, а тоа не е лоша идеја. Сепак, повеќе би им користело ако излезат од дома и направат нешто во што навистина уживаат, како одењето на концерт или на театар.
Најдоброто нешто за Ракот не е да се фокусира на тоа што сè тргнало наопаку туку да се насочи на работите што го прават среќен – музиката, природата и нештата што ја инспирираат неговата креативност.
Лав
Кога Лавот има ужасен ден, најдобро е да стори нешто за некој друг, како на пример да посети пензионерски дом или да организира некоја добротворна акција.
Иако волонтерската работа може да звучи како последното нешто што Лавот би сакал да го направи, помагањето на другите прави тој да се чувствува добро и да пронајде нова перспектива. Покрај тоа, средбите со нови луѓе Лавот го полнат со позитивна енергија.
Девица
Кога Девиците имаат лош ден, треба да ги искористат своите аналитички вештини. Ако Девицата го согледа овој ден на практичен начин, без да се обвинува, ќе може да ги види работите јасно.
Девиците најпрво ќе се обидат да поправат сè, но треба да сфатат дека некои работи се недостижни и дека е најдобро само да се откажат од нив. На тој начин тие ќе можат да продолжат понатаму.
Вага
Најдобриот лек за лошиот ден на Вагата е да помине време со своите миленици. Миленичињата не ве осудуваат и даваат безусловна љубов, а токму тоа е она што ви треба.
Галењето на крзнениот пријател, исто така, помага да се ослободите од стресот и да се опуштите. Ако Вагата го однесе своето куче на прошетка или си поигра со мачката, ќе го заборави лошиот ден и ќе ужива во моментот.
Скорпија
Најдобро е ако Скорпијата не се справува со лошиот ден веднаш. Ако веднаш се навлече на негативни чувства, тоа би можело да ги влоши работите и таа да направи нешто за што подоцна би се каела.
Медитација или јогата, длабокото дишење или прошетката низ маалото ќе им помогне на Скорпиите да го надминат лошиот ден.
Стрелец
Ако Стрелецот има лош ден, тој ќе направи сè што е можно за побргу да го надмине. Најмногу му помагаат нештата кои со нетрпение ги очекува, како планирањето на следниот годишен одмор или викенд.
Стрелците, исто така, може да одат на шопинг за да купат опрема за кампување – тоа ќе го прави следното патување веќе извесно.
Јарец
Јарците се мудри и знаат дека понекогаш мора да имаат и лоши денови. Тоа никако не значи дека нивниот живот е лош. Сепак, можеби е потешко да се соочат со таа филозофија кога токму ним ќе им се случи такво нешто. Кога сепак ќе се случи лошиот ден, треба да се смират и да се обидат да го надминат што побрзо.
Водолија
Кога Водолијата има лош ден, најдоброто нешто што може да го стори е да земе здив и да се соочи со проблемите кои треба да ги реши. Најдобро е фрустрациите и гневот да ги насочи кон создавање нов проект.
Кога Водолијата има нешто ново на кое треба да се фокусира, сè друго има тенденција да исчезне. Таа е продуктивна и еден лош ден нема да ја натера да се откаже од сè.
Риби
Додека Водолиите имаат тенденција да бидат креативни во решавањето на проблемите, Рибите се уметнички настроени и креативни. Кога тие имаат лош ден, најдоброто нешто за нив е да се свртат кон уметноста.
Можеби да се изгубат во светот на фантазиите преку читањето роман или гледањето филм, но може да започнат и со пишување свој роман, сликање или фотографирање.