
Како изгледа сицилискиот лимон, најмодерниот маникир за пролет/лето 2025
Доколку барате маникир кој освежува, инспирира и внесува допир на Медитеранот на врвовите на вашите прсти – ова е совршениот тренд за вас!
Препорачано
„Лимонови нокти“ (Lemon Nails), трендот кој го залуде светот на убавината, доаѓа директно од сончевите градини на Сицилија и ја внесува ведрината на цитрусните плодови во секојдневниот стил.
Додека есента и зимата беа резервирани за длабоки нијанси на бордо и кафе-лате тонови, пролетта и летото 2025 година ги враќаат пастелните нијанси и разиграната уметноста на обликување на ноктите.
Меѓу нив, еден тренд особено се издвојува – маникир инспириран од лимони, прекрасното ароматично овошје што го симболизира сонцето, животот и стилот на Јужна Италија.
Овој свеж, женствен и забавен тренд носи нота на носталгија и луксуз: ситни лимони, нивните цветови и зелени листови се внимателно насликани врз основа на нежни пастелни тонови како што се путер, млечно бела или кремаста беж боја.
Маникир Minimal Lemon Frenchie
Совршен за љубителите на суптилна елеганција – млечно-беж квадратна основа со нежна жолта линија наместо класичната бела боја во француски маникир. На домалиот прст – минијатурен лимон, дискретно, а ефикасно.
View this post on Instagram
Маникир Cottagecore Lemon
Инспириран од рустикалниот шарм и природата. Зашилени нокти во пастелни тонови со карирани детали што потсетуваат на чаршафи за пикник во село, со ситни, случајно распоредени лимони за романтична естетика.
View this post on Instagram
Маникир 3D Lemon Fantasy
За оние кои сакаат „wow“ ефект – долга овална основа во светло жолта боја и акценти со капки вода и тродимензионални лимони кои изгледаат како штотуку да се набрани од дрвото. Луксузни и забавни, овие нокти не остануваат незабележани.
View this post on Instagram
Маникир Sicilian Lemon Dream
Елегантен микс на медитеранска традиција и гламур. Основа во млечни тонови и софистицирани мотиви од лимон и сицилијански керамички дезени – вистинска уметност за нокти.
View this post on Instagram