Несреќа Грција/ Фото: Leonidas Tzekas / Eurokinissi / imago stock&people / Profimedia

Како двата воза завршиле на иста пруга во Грција?

Според првичните информации, трагичната несреќа со 36 загинати во областа Темпи предизвикана од тешкиот судир на патничкиот и товарниот воз доцна синоќа се припишува на човечка грешка, јавува грчкиот медиум „Прототема“.

Како што пишува овој грчки медиум, и „покрај стотиците милиони евра потрошени во последните 30 години на грчката железница, отсуството на современи системи за сигнализација и далечинско управување по целата должина на железничката оска Атина-Солун продолжува да ја заробува грчката железница која, само за чудо, не тагуваше толку смртни случаи до денес“.

Иако сѐ уште не е јасно што точно се случило, раните индикации се дека двата воза директно се судриле, најверојатно со голема брзина. Се проценува дека не биле завртени клучевите, преку кои механички се регулира минувањето на возовите на клучките, со што двата воза се испратиле на иста линија.

Во изјава за „Прототема“, претседателот на машиновозачите на ОСЕ, Костас Генидунијас, рекол дека доколку функционирала светлосната сигнализација, трагедијата можела да се избегне.

„Во последниве неколку години, неколку пати се јавувавме да пријавиме дека електронските системи не работат. Ако светлата работеа, возачите ќе ги видеа црвените сигнали и ќе застанеа“ вели тој.

Во врска со околностите на несреќата, Генидунијас објасни дека на точката има двојна линија, еден воз се качува, еден се спушта, но возовите биле пронајдени на истата линија!

Треба да се напомене дека проблеми во снабдувањето со електрична енергија на мрежата биле пријавени уште од вчера попладне поради прекин на кабел во Палеофарсалос, што предизвикало доцнење на линиите.

ВИДЕО | Најмалку 32 загинати и 85 повредени во железничката несреќа во Грција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот