
Како да направите панко лебни трошки? Најдовме одлична замена!
Сигурно ви се случило да најдете одличен рецепт на Интернет, но да се откажете од него кога ќе прочитате некоја состојка што не можете да ја најдете. Така, на пример, многу често во рецептите од познатите готвачи ќе сретнете дека за похување користат панко лебни трошки, кои ја прават храната крцкава и вкусна.
Препорачано
Ако вашите домашни ја сакаат похуваната храна, со панко лебните трошки ќе ја засакаат уште повеќе. Но, со оглед на фактот дека овој производ не може да се најде кај нас, сами можете да ги направите. Разликата меѓу обичните и панко лебните трошки е во текстурата која се добива со посебен начин на подготовка. А токму таа текстура подолго време ја задржува крцкавоста на јадењето.
Сè што треба да направите е да замрзнете неколку резанки тост леб во замрзнувач, потоа да им ја отстраните кората и да ги изрендате (не да ги мелете) со помош на мултипрактик или рачно.
Потоа вака подготвените лебни трошки наредете ги во тенок слој на плех за печење обложен со хартија и печете ги во рерна загреана на 150 Целзиусови степени, 10 минути. Внимавајте, бидејќи лебните трошки не треба да ја сменат бојата.
Панко лебните трошки одлични се за похување морска храна, но можете да ги додадете и во кое било јадење ако сакате да има крцкава коричка. Во споредба со обичните лебни трошки содржат понизок процент калории, масти и натриум, што ги прави по здрави.