Рамазан Кадиров / Фото: ЕПА

Кадиров за малку ќе се удавел во Бодрум, сега е во болница

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е во болница откако бил спасен од давење во турското одморалиште Бодрум, пренесоа медиумите повикувајќи се на турски „Милиет“.

Инцидентот се случил напладне во Бодрум, каде Кадиров е на одмор во хотел со пет ѕвездички.

Според информациите, кратко по влегувањето во водата, чеченскиот лидер одеднаш почнал да мавта со рацете сигнализирајќи дека се дави.

Екипите на брзата помош брзо реагирале и го пренеле чеченскиот лидер во локалната болница.

Според „Милиет“, Кадиров е во добра состојба и тој е надвор од животна опасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот