фото: instagram/macedonianhandballfederation

Кадетките од „минус осум“ негатива до важна победа над Фарски Острови на ЕП

Денеска македонската женска кадетска ракометна репрезентација триумфираше со резултат 31:28 против Фарски Острови на Европското првенство во Црна Гора во разигрувањето за пласман од 21 до 24 место.

Иако нашата селекција неколку пати во текот на мечот имаше негатива од осум голови разлика (17:10, 20:12) на крајот успеа да направи целосен пресврт и дојде до победата.

Најефикасна во македонската репрезентација на паркетот во Подгорица беше Ивана Трифуноска со 10 погодоци, а седум запиша Таида Беровиќ.

Избраничките на селекторот Даниела Новеска по денешниот триумф ќе играат за 21 позиција на ЕП.

В недела Македонија ќе игра против Турција или Романија за опстанок во елитната конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот