
Јуниорките се подготвуваат за настапот на Европското првенство Дивизија Б
Македонските кошаркарки предводени од селекторот Виктор Петровски и неговите асистенти Нена Трајчевска и Арин Агиќ денеска во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, го одработија првиот ден од подготвителниот период, а пред она што ги очекува во текот на ова лето, настапот на континенталниот собир од Дивизијата „Б“, за кошаркарки „Под 18“ години, кој ќе се одржи во литванските градови, Алитус и Вилнус, во периодот од 4 до 13 јули 2025 година.
Препорачано
Согласно со планираното, првата фаза од подготвителниот период ќе биде реализирана во Скопје. Првите проверки на сработеното се предвидени по три работни седмици, и тоа на гостински терен во Црна Гора.
Претходно, селекторот Петровски го одреди и поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета во текот на подготвителниот период, и секако настапот на шампионатот во Романија.
ПОШИРОК СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ „ПОД 18“ ЗА НАСТАП НА ЕП ДИВИЗИЈА „Б“ – ЛИТВАНИЈА
Ања Начевска – Вардар
Мартина Џангаровска – Вардар
Јана Пислевска – Вардар
Теа Трајковска – Вардар
Бојана Николиќ – Вардар
Мила Начевска – Вардар
Дора Алексова – МЗТ Скопје
Ива Колева – Тим Арена – Штип
Теодора Мариновска – МЗТ Скопје
Глорија Груевска – Крива Паланка
Ангела Тасовски – Вардар
Антонија Тодоровска – Крива Паланка
Нена Китановска – Бадел 1862
Јана Чолакоска – Бадел 1862
Кјара Анастасова – Бадел 1862
Бранкица Мегленова – Пробаскет – Кавадарци
Лилјана Ѓорѓиева – Пробаскет – Кавадарци
Сара Ѓорѓиеска – Охрид
Мила Ќолчевска – Mercede Basket Alghero – ITA
Сара Белковска – Струга 2009