Мерих Озтурк
Мерих Озтурк / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Јованка од „Балканска приказна“: Турската актерка Мерих Озтурк ужива во убавините на Скопје

Во серијата „Балканска приказна“ се отсликуваат делови од животот на две семејства, турско и македонско, кои живеат од двете страни на реката Вардар, доловувајќи ги културните традиции на двата народа.

Рецептот за успехот на многу турски серии на нашите простори не е тајна – во повеќето наративот се сведува на борбата на доброто и злото, во која доброто секогаш победува. Но, овој пат турските режисери дошле на идеја за една поинаква приказна и локација.

Серијата „Балканска приказна“ ја раскажува приказната за една невозможна љубов што се случува во Скопје, градот што го дели реката Вардар, а го поврзува Камениот мост. Првата епизода од серијата беше емитувана на 21 јуни 2022 година на турската телевизија „ТРТ 1“, а македонската јавност веќе со нетрпение очекува информации кога ќе почне да се прикажува на некоја од нашите телевизии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Merih Öztürk (@merihozturk)

Неодамна „Слободен печат“ разговараше со дел од тимот што стои зад овој проект и тие ни открија дека очекуваат дека серијата ќе урива рекорди бидејќи нејзината тематика не е обработувана во Турција.

Од „Балканска приказна“ ќе се снимаат 11 епизоди, но, имајќи предвид дека траењето на сериите во Турција е поврзано со нивниот рејтинг, сè уште не се знае дали ќе продолжи да се снима. Ако серијата доживее добар рејтинг во Турција, ќе продолжи да се снима. Покрај Камениот мост, уникатната и колоритна Стара скопска чаршија, предвидено е снимањето да продолжи и во Охрид, Битола и во други градови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Merih Öztürk (@merihozturk)

Филмската екипа која брои приближно 200 луѓе вели дека во Скопје одлично се вклопиле, почнале да се чувствуваат како мештани.

Турската актерка Мерих Озтурк, која воедно ја толкува главната улога во серијата, на својот инстаграм-профил често објавува фотографии и видеа од повеќе локации во Скопје. Таа ја толкува улогата на Јованка, а од нејзините објави се гледа дека слободното време помеѓу снимањата го посветува на истражување на македонската метропола, посетува музеи и важни знаменитости.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Merih Öztürk (@merihozturk)

Покрај Старата скопска чаршија, таа го посетила и Музејот на македонската борба, како и Археолошкиот музеј, Мостот на уметноста, а секако не можела да пропушти да ги види и исконските убавини на кањонот Матка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Merih Öztürk (@merihozturk)

Озтурк е успешна актерка во Турција, а покрај актерството се занимава и со манекенство. Таа во 2018 година ја добила наградата за најдобар модел на Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот