фото: facebook.com/asanov.senol

Јован Јанковски со златен медал на Европскиот куп во Сараево во кик-бокс

Во категоријата до 42 килограми на ВАКО Европскиот Куп Сараево Гран При 2024 во Босна и Херцеговина, македонскиот кикбоксер Јован Јанковски се закити со злато.

Јанковски успеа во својата категорија да го освои првото место пред Бенјамин Рамовиќ од Црна Гора и Николај Марковиќ од Босна и Херцеговина.

Членот на Клуб Гладијатор Фајт Штип со 2:1 триумфираше против Рамовиќ кој претходно го совлада Марковиќ со 3:0. Резултати ТУКА

На овој ВАКО Европски куп имаше вкупно 771 натпреварувач од 165 клубови.

Домаќинот БиХ имаше 22 златни медали, Србија осум, по шест Унгарија и Словачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот