фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Јокиќ сè уште не одлучил дали ќе игра на Олимписките игри: Кога ќе знам, ќе го известам селекторот

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ сè уште нема донесено конечна одлука дали ќе настапи за репрезентацијата на Олимписките игри во Париз следната година, а одлуката ќе ја донесе по консултација со својот тим и семејството.

Ова го изјави првотимецот на Денвер во интервјуто за „Радио-телевизија Србија“ по натпреварот против Чикаго на кој беше исклучен на крајот од првото полувреме.

– Олимписките игри се далеку, многу далеку: Некои луѓе ми ставаат зборови во уста што не сум ги кажал, а првиот што ќе ја знае мојата одлука ќе биде тренерот откако ќе разговарам со мојот тим и семејството по крајот на сезоната – рече Јокиќ.

Двократниот МВП на најсилната кошаркарска лига во светот (НБА) зборуваше и за споменатото исклучување на мечот во „Јунајтед Центар“ за кое никому не му е јасно зошто го доби.

– Судиската одлука е секогаш последна, па нека биде дека сум заслужено исклучен. Најважно е што победивме и им честитам на момците за тоа. Одиграа одличен натпревар, одбраната беше многу добра. Во правите моменти постигнавме кош и се одбранивме – вели Јокиќ.

За српскиот ас на Нагетси важно е тимот да има континуитет и систем на тренинзи кој се чини дека дава резултати. Моментно во Западната конференција Денвер е на четвртото место со учинок 16-9.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот