Хути во Јемен/Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Јеменските Хути тврдат дека нападнале брод во Црвеното Море

Јеменската милитантна група Хути, поврзана со Иран, денеска соопшти дека извршила напад врз брод во северниот дел на Црвеното Море со два беспилотни летала и една ракета, поради наводна врска на бродот со Израел.

Како што јавуваат медиумите, портпаролот на Хутите изјавил дека операцијата е одговор на кршење на нивната одлука за забрана на влез во пристаништата на окупирана Палестина. Нема независна потврда за нападот од поморски извори, а групата не го објави точниот датум на инцидентот.

Според извештаи, минатата недела Хутите нападнале израелски танкер во близина на саудиското пристаниште Јанбу. Минатиот четврток, израелските сили убија премиер и неколку министри на јеменската влада предводена од Хутите, што беше прв таков напад насочен кон високи функционери.

Од 2023 година, Хутите спроведуваат бројни напади врз бродови во Црвеното Море за кои тврдат дека се поврзани со Израел, изразувајќи ја својата „солидарност со Палестинците“ во конфликтот во Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!