Фото: Инстаграм/Фејсбук/Јелена Розга

Јелена Розга за врската со Иван Хуљиќ: „Љубовта ми е супер, ние сме среќни!“

Хрватската пејачка Јелена Розга (47) неодамна ја потврди информацијата дека е во романтична врска со композиторот Иван Хуљиќ (37), син на музичарот Тончи Хуљиќ.

Имено, тие и претходно беа поврзувани во медиумските написи во тој контекст, но никогаш не одговорија на таквите шпекулации. Иако Розга ретко зборува за приватниот живот, сега во изјава за „Ин магазин“ откри дека таа и Хуљиќ уживаат во љубовта.

„Љубовта ми е супер. Јас сум среќна, ние сме среќни“, рече таа кратко.

На почетокот на март, Розга и Хуљиќ беа забележани заедно во Торонто, каде пејачката имаше заеднички концерт со пејачот Петар Грашо. Нивни заеднички фотографии беа објавени на Инстаграм, но бргу беа избришани.

Во јануари, српскиот „Курир“ објави фотографии снимени во летото 2023 година, на кои се гледа како Розга и Хуљиќ шетаат низ Будимпешта држејќи се за раце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот