
Јелена Розга за врската со 11 години помладиот Иван Хуљиќ: „Убаво ни е, љубовта е нешто најубаво на светот“
Хрватската поп-пејачка Јелена Розга, која ретко зборува за својот приватен живот, овојпат направи исклучок и откри детали од врската со Иван Хуљиќ, како и од дружењата со семејствата Хуљиќ и Грашо.
Препорачано
Во изјава за „ИнМагазин“, Розга нагласи колку ѝ значи поддршката од Иван, особено поради нејзиниот динамичен распоред и честите патувања.
„Мислам дека на него тоа му е сосема нормално. Денес ме праша: ‘До кога ќе бидеш дома?’ Му реков: ‘Сега одам, ќе бидам ден и пол, па пак патувам.’ ‘Па колку те нема?’ – ‘Пет-шест дена.’ А што да прави, мора да прифати“, раскажува пејачката.
За љубовта вели дека е најубавото нешто на светот.
„Убаво ни е. Љубовта е нешто најубаво на светот. Во една врска, клучно е да постои рамнотежа помеѓу љубовта и толеранцијата. Не сакам премногу да зборувам за приватноста, никогаш не сум сакала, но живееме нормално, како секој друг пар. Сè ни е во ред“, вели таа.
Осврнувајќи се на семејните собири со семејствата Хуљиќ и Грашо, Розга вели дека тие се опуштени и исполнети со пријатни разговори.
„Најмалку се зборува за музика, бидејќи обично јас и Петар доаѓаме од пат и сакаме да разговараме на некои полесни теми. Тончи обично ја отвора темата за песни и работа, а ние му велиме: ‘Дај, Тончи, остави нè барем 10 минути да завршиме со ручек, па после ќе зборуваме. Малку одмор ни треба.’“, вели пејачката.
Инаку, за врската меѓу Розга и Хуљиќ се зборуваше веќе подолг период. На почетокот на март беа заедно фотографирани во Торонто, каде што настапуваа заедно со Петар Грашо. Гласините за нивната врска траат уште од минатата година.
Јелена Розга ја потврди врската со Иван Хуљиќ: „Некој требаше да каже и тоа е во ред“