Фото: Инстаграм/Јелена Карлеуша

Јелена Карлеуша направи нов профил на Инстаграм и испрати заканувачка порака, па и тој ѝ беше избришан

Неодамна беше избришан профилот на Јелена Карлеуша на Инстаграм на кој имаше 2,5 милиони следбеници, а таа направи нов профил од кој испрати заканувачка порака, по што и тој профил ѝ беше избришан.

Карлеуша на својот нов профил ѝ се закани на групата „Еко Стража“ која претходно објави дека нивните жалби се прифатени и затоа профилот на српската пејачка е избришан.

Таа потоа му испрати заканувачка порака на претседателот на „Еко Стража“, Бојан Симишиќ и му порача дека ќе ги трпи последиците.

„Ова што го направивте не е само напад врз мене, туку и врз слободата на изразување и ќе ги трпите последиците за тоа. Ви дадов 24 часа да ги прекинете овие дејства или лично ќе преземам чекори за вашиот профил засекогаш да исчезне. Не сфаќате со кого си играте. Можеби мислите дека сте моќни зад екранот, но јас имам поголеми ресурси, поголема поддршка и верувајте ми, поголема упорност отколку што можете да замислите. Со затворањето на мојот профил не ме спречивте, ја разбудивте лавицата. Ова е вашето последно предупредување. Размислете внимателно за вашите постапки бидејќи времето ви истекува за 24 часа“, рече Карлеуша.

„Еко Стража“ ја објави пораката што ја доби Симишиќ на својот профил на платформата Икс, по што беше избришан и новиот профил на Јелена Карлеуша.

Инаку, „Еко Стража“ е неформална група граѓани која покрена петиција за затворање на Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша, за што успеаја да соберат речиси 350.000 потписи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот