Фото: принтскрин

Јаулески: Таравари е заложник на Груби – кога нема да им требаат, ќе ги шутнат

„Дали вие добивте ексклузивна понуда за куќа по 500-тини евра за метар квадратен во Скопје. Добивте ли понуда да купите деловен простор на улица „Македонија“ по цена пет пати пониска од пазарната, ги праша на денешната собраниска седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески пратениците од мнозинството, посочувајќи дека овие два случаи се еклатантен пример на корупција и криминал.

„Знаете ли пратеници од Алијансата која е најуспешна туристичка агенција во државата? Туристичката агенција на Груби. Ќе ве пренесе жедни преку вода, ќе имате туристичко разгледување на владата од неколку месеци, а потоа ќе ве шутне како партал од истата, им рече Јаулески на пратениците од Алијанса“, рече тој.

Јаулески рече дека Таравари станал „заложник на Груби“, како и дека со поддржување на пратениците на Алијанса на Албанците на оваа реконструкција не остваруваат никаков интерес на граѓаните.

„Вашиот Арбен Таравари, човекот кој требаше да го прати Артан Груби во опозиција стана негов заложник, а вие со вашето гласање и негови соучесници. Партијата слободно може да ви се преименува Алијанса за Артан. Никаков интерес за вашите гласачи не остварувате и зошто некој би гласал за вас на наредните избори кога многу повеќе може да добие ако отиде со ДУИ“, потенцираше тој.

Според него, ова е коалиција за спас на Артан Груби а за да има вистинска борба со криминалот на институциите, потребна е дегрубизација на институциите, смета Јаулески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот