Ивао Хакамада - Фото: JAPAN POOL / AFP / Profimedia

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години: Ќе добие отштета од 1,4 милиони долари

Јапонскиот суд му досуди отштета од 1,4 милиони долари на Ивао Хакамада, кој помина 46 години во затвор чекајќи да биде погубен за злосторство што не го сторил, со што стана најдолготрајниот осуденик на смрт во светот, објави „Гардијан“.

Пресудата на Окружниот суд во Шизуока, која беше донесена вчера, признава дека Хакамада бил жртва на полициска манипулација со докази и присилни испрашувања, при што бил принуден да го признае убиството на четири лица во 1966 година.

Иако подоцна го повлекол своето признание, тој поминал речиси половина век во затвор, живеејќи во постојан страв од егзекуција.

Исплатата претставува 12.500 јени (83 долари) за секој ден од 46-те години што Ивао Хакамада ги поминал во затвор, а најголемиот дел од нив бил осуден на смрт и секој ден можел да му биде последен.

Поранешниот боксер, сега 89-годишен, беше ослободен во 2024 година за четирикратно убиство во 1966 година по неуморната кампања на неговата сестра и другите.

Но, правниот тим на Хакамада рече дека парите не се ништо во споредба со болката што ја претрпел.

Деценискиот притвор со закана од егзекуција имале голем ефект врз менталното здравје на Хакамада, рекоа неговите адвокати, опишувајќи го како „човек кој живеел во светот на фантазијата“.

Хакамада беше петтиот осуденик на смрт на кој му беше одобрено повторно судење во повоената историја на Јапонија. Сите четири претходни случаи, исто така, резултираа со ослободување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот