Јанкуловски од Центар за јавно здравје до сите верници: Доста е, ги преминавте сите граници.

Сограѓани, сожители, соселани од сите вери и нации и како и да се чувствувате.

Не знам кога конечно ќе разберете и прифатите дека:

– короната е вистинска
– короната е присутна, овде е
– короната не е заебанција, нека е и вештачки создадена
– никој ама баш никој не е короноотпорен, ниту вие ниту вашите најблиски
– ако не се грижите за своето здравје, ако сте несовесни и неодговорни знајте дека во опасност ги ставате блиските и сите нас
– мора (глупо ми е што ова го пишувам трет месец откако почна коронава) да бидете сериозни
– има едно чудо здравствени работници кои месеци не ги виделе своите или само на саат два и заради ваше безобразие и себичност уште нема да ги гледаат
– претерувате со покажување на нечовечност, ја увидовме одамна таа ваша карактеристика

Доста е. Зар сите што седат дома не сакаат да шетаат, не сакаат се видат со пријатели и роднини? Тие не знаат што е убаво? Зошто ги казнувате нив?

Верувам дека и меѓу верниците има совесни луѓе кои знаат дека ништо на светов не е незаменливо.

Се може да се изведе и другпат.

Само едно нешто не е незаменливо – човечкиот живот. Е тука нема “ај пак”.

Доста е, ги преминавте сите граници.

ФБ статус на Д-р Денис Јанкуловски, дел од тимот на Центарот за јавно здравје кој на терен ги прави тестирањата за коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот