
Јаник Синер избори пласман во второто коло на „Ролан Гарос“
Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во второто коло на „Ролан Гарос“, откако на стартот од турнирот убедливо го совлада Американецот Кристофер Јубенкс со 6:3, 6:3, 6:4.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Мечот траеше два часа и 11 минути. Во првиот сет Синер два пати му го одзеде сервисот на својот ривал и брзо поведе со 4:1. Јубенкс во продолжението успеа да врати еден брејк, но немаше сили за пресврт.
Во вториот сет Синер беше сигурен на својот сервис, а еден брејк беше доволен за да поведе со 2:0 во сетови.
Италијанскиот ас рутински го одигра и третиот сет. Тој го одзеде сервисот на својот ривал во третиот гем и сигурно го приведе мечот до крај.
Синер во второто коло ќе игра против францускиот тенисер Ришар Гаске, кој во првото коло беше подобар од Хрватот Борна Ќориќ со 7:6 (5), 7:6 (2) и 6:4.
Во женска конкуренција завршија пет мечеви: Масарова – Вондроушова 1:6, 3:6, Потапова – Рахимоба 6:2, 6:3, Самсонова – Линет 6:1, 6:1, Севил – Паолини 3:6, 4:6 и Викери – Жабер 3:6, 2:6.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
27мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5