фото: cracovia.pl

Јани Атанасов е нов фудбалер на полската Краковија

Како што и се најавуваше, тоа и се потврди, македонскиот фудбалер Јани Атанасов (23) и официјално е нов фудбалер на полскиот клуб Краковија.

Нашиот играч кој до сега ги бранеше боите на хрватската екипа Хајдук Сплит, со Полјаците потпиша договор на три ипол години.

Започна во редовите на Академија Пандев, а потоа во јуни 2018 година се пресели во Турција бранејќи ги боите на Бурсаспор.

Во најсилниот хрватски шампионат запиша два голови во 11 натпревари, а исто така до сега има четири настапи за македонската А репрезентација.

Моментно во најквалитетната полска лига („Екстракласа“) Краковија по 17 одиграни кола е на осмото место со 25 бодови, 16 помалку од водечкиот Раков Ченстохова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот