Весна Јаневска / Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Јаневска: Ја сменивме програмата за седмо одделение, се враќа предметот Историја

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва на партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Велес изјави дека актуелната влада успеала да го исплати долгот од претходната влада во образованието за плати за наставниците и да ги испечати сите учебници за кои имаше недостаток повеќе години. Таа повторно најави дека учебници ќе има за сите ученици, но рече и дека во програмата за седмо одделение се враќа предметот Историја.

-Ја сменивме програмата за 7 одделение и од септември ќе има нова програма и во неа повторно е вратен предметот Историја што претходната го укина, а учебникот е во печатење, рече министерката.

Воедно информира дека од претстојната учебна година по шест години пауза, учениците повторно ќе имаат учебници по странски јазици: англиски, германски, француски и италијански.

Јаневска информира дека е сменета програмата за прва година гимназиско образование. Законот за високо образование, како што каќа, се доработува со уште неколку закони. Министерката Јаневска информира дека МОН дава поддршка за младите кои имаат изработено свои иновации во науката и за нивно пласирање и поддршка надвор од земјава, како и дополнителна награда и поддршка за оние ученици кои освоиле први места и медали на разни европски и светски натпревари во областа на науката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот